Прославата во Париз откако ПСЖ ја освои титулата во Лигата на шампионите по победата над Арсенал во финалето беше далеку од мирна и достоинствена.
Напротив, во Париз избувнаа немири што резултираа со една смрт, а едно 17-годишно момче заврши во кома. Уапсени се 780 лица. 17-годишникот беше избоден во близина на Шанзелизе рано наутро во недела и е на интензивна нега додека се трага по напаѓачите, пишува The Sun.
Неидентификуван 23-годишен маж на мотоцикл почина откако се удрил во бетонски блок. Во полициското соопштение се наведува дека шест возила, две деловни згради и една автобуска станица биле оштетени во немирите.
Инаки, и минатата година имаше немири откако ПСЖ ја освои и Лигата на шампионите. Тогаш животите ги загубија еден малолетник (17) и еден млад човек на околу 20 години.
„Само во Франција победата на фудбалски клуб предизвикува немири. Само во Франција секој чувствува потреба да се заклучи во своите домови ноќта по победата за да избегне соочување со насилство“, изјави поранешната претседателска кандидатка Марин Ле Пен.












