среда, јули 15, 2026
Дома СВЕТ Силна бура пристигна во Европа: Торнадо опустоши делови од Полска/ФОТО

Силна бура пристигна во Европа: Торнадо опустоши делови од Полска/ФОТО

69
Фото: X Sieć Obserwatorów Burz | Obserwatorzy.info

Првото торнадо за оваа година е пријавено во Полска, откако силно невреме попладнево помина низ јужниот дел на земјата, оставајќи зад себе оштетени куќи, соборени дрвја и уништена инфраструктура.

Метеоролозите соопштија дека торнадото се формирало како дел од силна грмотевична бура и директно погодило неколку населени места во регионот Ополе. Според прелиминарните проценки на полското Здружение на ловци на бури, брзината на ветерот во самиот вртлог достигнувала и до 200 километри на час.

Пожарникарските служби примиле десетици итни повици за помош поврзани со паднати дрвја, прекинати далеководи и покриви буквално откорнати од куќите. Силниот ветер оштетил најмалку 11 згради, вклучувајќи и пет станбени објекти. Две станбени згради се прогласени за целосно небезбедни и неупотребливи за живеење. Голем дел од погодените населби се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија поради паднатите столбови.

Жителите ја опишаа бурата како ненадејна и интензивна, и дека се се случило „буквално во еден миг“.

Според локалните власти, нема повредени и покрај јачината на бурата. Официјалните лица изјавија дека на погодените жители им е пружена поддршка, вклучително и психолошка помош, додека продолжуваат проценките на штетите.

ИЗДВОЕНИ