Од Град Скопје информираат дека во подготовката на новиот ГУП се предвидува вклучување стручни лица и експерти од различни области и оти станува збор за комплексен и повеќефазен процес, кој опфаќа детална анализа на постојната состојба во градот, изработка на нови плански решенија, усогласување со релевантните институции, како и спроведување на законски пропишаните процедури, вклучително и јавни расправи и стручни ревизии. Притоа, појаснуваат дека се става акцент на транспарентноста на процесот и на информирањето на јавноста.
– Предвидено е формирање тело преку кое граѓаните, стручната јавност и граѓанските организации ќе можат активно да учествуваат со свои предлози и мислења во текот на подготовката на планот. Целта е новиот ГУП да биде план што ќе ги балансира развојните потреби на градот со заштитата на јавниот интерес, квалитетот на живеење и заштитата на животната средина. Но, и да се донесе модерен, одржлив и инклузивен ГУП, кој ќе биде во интерес на сите граѓани на Скопје – наведуваат градските власти
Рокот на Генералниот урбанистички план за Град Скопје (2022-2032 година) е поминат веќе четири години, а метрополата сè уште нема нов, иако, како устав за градот од аспект на градењето и урбанистичкото планирање, треба да овозможи во иднина тој да се развива не само рамномерно туку и хумано.
Од Град Скопје информираа дека во моментов е започната постапка за подготовка на новиот ГУП за Град Скопје.
– По подолг период на застој, институциите работат на откочување и реактивирање на процесите што, според достапните информации, биле заглавени во изминатите неколку години – велат градските власти.
Додаваат дека во подготовката на новиот ГУП се предвидува вклучување стручни лица и експерти од различни области и оти станува збор за комплексен и повеќефазен процес, кој опфаќа детална анализа на постојната состојба во градот, изработка на нови плански решенија, усогласување со релевантните институции, како и спроведување на законски пропишаните процедури, вклучително и јавни расправи и стручни ревизии.
Притоа, појаснуваат дека се става акцент на транспарентноста на процесот и на информирањето на јавноста.
– Предвидено е формирање тело преку кое граѓаните, стручната јавност и граѓанските организации ќе можат активно да учествуваат со свои предлози и мислења во текот на подготовката на планот. Целта е новиот ГУП да биде план што ќе ги балансира развојните потреби на градот со заштитата на јавниот интерес, квалитетот на живеење и заштитата на животната средина. Но, и да се донесе модерен, одржлив и инклузивен генерален урбанистички план, кој ќе биде во интерес на сите граѓани на Скопје – наведуваат од Град Скопје.
Претходно, поранешната градоначалничка на Град Скопје се обиде на крајот од својот мандат да го придвижи процесот на донесување на нов ГУП, со тоа што во август минатата година беа организирани јавни дискусии одделно за градските квартови во сите скопски општини. Но, тогаш градските власти се пожалија дека нема интерес од граѓаните за јавните дискусии во однос на изработката на ГУП, па тие беа скратени и во еден ден беа опфатени по повеќе општини и се сведе на тоа, без сумирани информации за јавноста во однос на предлозите и барањата на граѓаните.
Дел од експертите тогаш беа на ставот дека единствена шанса за Градот Скопје е новиот генерален урбанистички план да ја промени досегашната лоша урбанистичка практика, но и потенцираа дека изработката на ГУП мора да се заснова на ажурни и детални податоци за сите сфери: домувањето, сообраќајот, здравството, образованието, социјалните услуги, урбаното зеленило, управувањето со отпад, квалитетот на воздух, комуналната инфраструктура.
Генералниот урбанистички план е документ од најголема важност за развојот на градот. Во него се дефинира за колку жители има градот капацитет, со колкава густина и максимална катност да се гради, колку и каде има потреба од јавни институции, колку и каде треба да има паркови, колку широки треба да бидат булеварите, со каков состав, каква ќе биде велосипедската мрежа и каков ќе биде основниот сообраќаен систем на градот.
(А. П.)












