четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Хорор во Истра: Пронајдени три тела, полицијата вели дека се во полураспадната...

Хорор во Истра: Пронајдени три тела, полицијата вели дека се во полураспадната состојба

399

Три тела се пронајдени во куќа во близина на Пореч, во Хрватска, соопшти истарската полиција.

Истрагата е во тек, а надлежниот државен обвинител е на местото на настанот.

„Околностите на инцидентот се утврдуваат“, соопшти Оперативно-комуникацискиот центар на истарската полициска управа.

Istarski.hr неофицијално дознава дека телата се пронајдени во населбата Филипини и дека биле во полураспадната состојба, поради што е тешко да се зборува за идентитетите, возраста на починатите и дали се членови на исто семејство.

ИЗДВОЕНИ