Малиот кристален глобус во супер-џи го освои Италијанката Софија Гоџа. За неа, ова е првиот Кристален глобус во нејзината кариера во супер-џи, по години доминација во спустот. Таа го постигна големиот резултат со победата со време од 1:29,23.

На подиумот завршија и Корин Сутер од Швајцарија (+0,32) и Кира Видле-Винкелман од Германија (+0,60). Ема Ајхер стигна до четвртото место и речиси го стопи водството на Микаела Шифрин во генералниот пласман во Светскиот куп.

Микаела сега има само 45 бода предност пред Ема, а до крајот на сезоната се уште трките во слалом и во велеслалом и нè очекува одлично финале.

Во генералниот пласман на Светскиот куп, на две трки до крајот, Микаела Шифрин е водечка со 1.286 бода, а Ема Ајхер е втора со 1.241 бод.

ИЗДВОЕНИ