НБА-лигата доби нови лоши вести, откако Тајрис Халибартон од Индијана Пејсерс и Алперен Шенгун од Хјустон Рокетс се соочија со повреди на почетокот на новата сезона.
Халибартон ќе отсуствува најмалку две недели поради истегнување на мускул на задната ложа на левата нога. Плејмејкерот се повреди против Милвоки, иако натпреварот го заврши со 22 поени, шест скока и девет асистенции. Ова е дополнителен удар за него, откако ја пропушти целата мината сезона поради тешката повреда на Ахиловата тетива.
Проблеми има и Шенгун, кој заработи полесно истегнување на мускул на грбот и ќе го пропушти дуелот со Милвоки Бакс. Турскиот центар блесна против Атланта со 29 поени, девет скока и девет асистенции, но болките се засилиле по натпреварот.
- Ќе бидеме претпазливи. Тој ќе пропушти, најмногу, неколку натпревари, изјави тренерот Удока.
Indiana’s Tyrese Haliburton will miss at least two weeks with the left hamstring strain.
— Shams Charania (@ShamsCharania) October 28, 2026
Додека Индијана ќе мора да се снаоѓа без својот главен организатор на играта, Хјустон се надева дека Шенгун наскоро ќе се врати на теренот.











