петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ „Ормуз не може да биде како пред војната“

„Ормуз не може да биде како пред војната“

606
google maps

Состојбите во Ормутскиот теснец не можат да се вратат на оние пред почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран, сè додека продолжува „психолошката војна“, објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на неименуван извор во Иран.

Изворот додаде дека Иран ќе продолжи да одговара на нападите и да ја брани својата територија. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека САД и Иран водат продуктивни разговори во последните два дена, по што побара од Министерството за војна на САД да ги одложи сите напади врз иранската енергетска инфраструктура и електрани за следните пет дена.

Последователно, иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека немало никаков директен ни индиректен контакт меѓу Иран и САД, но дека Трамп се откажал од таргетирање на иранските електрани бидејќи Иран предупредил дека ќе ги таргетира електраните низ цела Западна Азија доколку нападите на САД и Израел врз иранската енергетска инфраструктура не престанат.

Американскиот претседател во неделата изјави дека доколку Иран не го отвори Ормутскиот теснец во рок од 48 часа, САД ќе ги уништат иранските електрани, почнувајќи од најголемите.

Иранската револуционерна гарда изјави дека Иран ќе возврати во случај на напад врз енергетскиот сектор на Иран со напад на израелските електрани, како и електраните што ги снабдуваат американските бази во земјите од Персискиот Залив.

Иран негира „добри разговори“: „Не преговараме со Америка, Трамп се повлече“

ИЗДВОЕНИ