понеделник, ноември 16, 2026
Дома КУЛТУРА Глен Клоус и Ридли Скот добија почесни оскари

Глен Клоус и Ридли Скот добија почесни оскари

0

На американската актерка Глен Клоус, аниматорот Флојд Норман и режисерот Ридли Скот, им беа врачени почесни оскари на 17. доделување на наградите на Управниот одбор, одржано во Лос Анџелес. Наградите се настан организиран од Академијата за филмски уметности и науки (AMPAS) – одвоено од главната церемонија што се одржува во март.

Глен Клоус ја доби наградата по осум претходни номинации за Оскар – четири за главни и четири за споредни улоги – без ниту една победа. Наградата ѝ ја врачи Џон Малкович, нејзиниот партнер од филмот „Опасни врски“. По долгите овации со стоење, таа ѝ ја посвети наградата на својата ќерка, Ени.

„Како некој што е ’од страна‘, никогаш не се грижев дали ќе победам или не, иако некои години си помислував дека можеби имам шанса“, изјави Клоус.

Ридли Скот не присуствуваше на церемонијата поради неодамнешен медицински зафат. Неговата награда ја прими Мет Дејмон, а Скот изрази благодарност преку видеопорака од Лондон. Тој има режирано филмови како „Осмиот патник“, „Блејд ранер“, „Телма и Луиз“, „Гладијатор“, „Падот на црниот јастреб“ и „Марсовецот“. Неговите филмови имаат добиено вкупно 45 номинации за Оскар и освоено девет награди, но тој лично досега немаше добиено Оскар.

Флојд Норман започнал да работи во студиото „Волт Дизни“ во 1956 година, станувајќи првиот афроамерикански аниматор во компанијата. Работел на филмови како што се „Заспаната убавица“, „Мечот во каменот“, „Мери Попинс“, „Книга за џунглата“ и „Робин Худ“, а подоцна и на „Ѕвонарот од Нотр Дам“, „Мулан“, „Чудовишта“… Фото: ЕПА

ИЗДВОЕНИ