понеделник, ноември 16, 2026
Дома СВЕТ Техеран го обвинува Израел за дезинформации: Тврдат дека меѓу граѓаните во Европа...

Техеран го обвинува Израел за дезинформации: Тврдат дека меѓу граѓаните во Европа и Америка намерно се шири страв

1

Техеран го обвини Израел за спроведување координирана кампања на дезинформации, чија цел е да го прикаже Иран како закана за граѓаните на западните земји и да обезбеди јавна поддршка за понатамошна ескалација на конфликтот.

Есмаил Багаеи, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи, денеска ги упати овие обвинувања преку објава на социјалната мрежа „Икс“ (X), осврнувајќи се на низа инциденти за кои одговорноста му се припишува на Техеран.

„Од таканаречените ’инциденти со фрижидери‘ во Франција, па сè до тврдењата дека Иран планира атентати врз американски функционери – сведоци сме на нешто што изгледа како координирана, злонамерна наративна кампања, оркестрирана од израелската машинерија за дезинформации“, напиша Багаеи.

Според него, целта на оваа кампања е да влијае врз јавното мислење во САД и Европа преку сеење страв, со што би се обезбедила поддршка за ескалација на конфликтот.

Багаеи тврди дека граѓаните во западните земји не ги поддржуваат военохушкачките политики на своите лидери, поради што – според него – се применуваат други методи.

„Целта е јасна: кога американската и европската јавност одбиваат да ги поддржат военохушкачките политики на своите лидери, стравот мора вештачки да се создаде, за да се принуди јавноста да застане зад ескалација на војната“, заклучи Багаеи.

ИЗДВОЕНИ