Француската морнарица пресретна и врши инспекција на танкер со нафта од Русија покрај брегот на италијанскиот остров Сицилија, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон во објава на платформата на социјалните медиуми X изјави дека танкерот „Deliver“ не го почитувал меѓународното поморско право и бил запрен во вторник.
Видео што го објави на X прикажува членови на вооружените сили како се качуваат на бродот.
Во посебна објава на X, министерката за одбрана Катрин Вотрен изјави дека постои сомневање дека бродот е под лажно знаме.
Макрон рече дека операцијата против руската флота во сенка покажува европска решителност.
„Нема да дозволиме флотата во сенка да ги заобиколува санкциите и да ги финансира воените напори на Русија“, рече Макрон.
Вотрен нагласи дека протокот на пари мора да се прекине за да се забави воената економија на Русија.
Таа рече дека дејствијата на руската флота во сенка претставуваат и директна закана за поморската безбедност и животната средина.
Франција во последните месеци запре неколку бродови за кои се сомнева дека припаѓаат на руската флота во сенка.
La Marine Nationale a arraisonné mardi le pétrolier Deliver alors qu’il transitait au large de la Sicile en infraction avec le droit de la mer.
Cette nouvelle action contre la flotte fantôme, conduite quelques jours après une opération similaire par le Royaume-Uni… pic.twitter.com/5Gjn43MhLr
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) June 25, 2026












