петок, септември 18, 2026
Дома СКОПСКА Фотоволтаични системи за сите основни училишта во Ѓорче Петров

Фотоволтаични системи за сите основни училишта во Ѓорче Петров

39

Општина Ѓорче Петров започнува реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија.

Станува збор за првиот проект од ваков вид во Македонија, кој ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на сите седум општински основни училишта ќе бидат поставени фотоволтаични системи.

Проектот ќе се реализира без дополнителен финансиски товар за општинскиот буџет, а Општина Ѓорче Петров ќе остварува 18 % од приходите што ќе се генерираат од производството на електрична енергија.

– Со овој проект ги ставаме во функција покривите на училиштата, произведуваме чиста и обновлива енергија, создаваме поодржливи и енергетски поефикасни училишта, а обезбедуваме нов извор на приходи што повторно ќе се инвестираат во проекти од интерес на граѓаните. Ова е инвестиција што не носи придобивки само денес, туку создава долгорочна вредност за образованието, животната средина и идните генерации – соопштија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ