вторник, август 4, 2026
Дома СКОПСКА Исплатени преку 3 милиони денари субвенции на млади карпошани за полагање за...

Исплатени преку 3 милиони денари субвенции на млади карпошани за полагање за возачка дозвола

1

Општина Карпош продолжува со реализација на мерката за субвенционирање на млади лица за теоретска и практична обука за полагање возачка дозвола Б-категорија.

Од Општината велат дека досега биле поднесени 264 барања. Притоа, 16 млади лица целосно ја завршиле постапката, а биле исплатени 3.445.048 денари.

Зa реализација на мерката се обезбедени вкупно 5.000.000 денари.

Јавниот повик е отворен до крајот на 2026 година, односно до исцрпување на предвидените средства.

– Доколку сте млад жител на Општина Карпош и ги исполнувате условите, сè уште имате можност да аплицирате и да ја искористите оваа мерка – повикуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ