Европските акции завршија со остар пад во петокот откако податоците покажаа забрзување на инфлацијата во САД, а цените на нафтата растат.
Тоа ги поттикна стравувањата дека каматните стапки би можеле да останат високи подолго време, објави CNBC.
Паневропскиот индекс STOXX Europe 600 падна за 1,6 проценти, германскиот DAX падна за 2,07 проценти, францускиот CAC 40 падна за 1,6 проценти, британскиот FTSE 100 изгуби 1,71 процент, а италијанскиот FTSE MIB падна за 1,87 проценти.












