четврток, јули 9, 2026
Дома СКОПСКА Енергетска фасада и термичка изолација на покривот на подрачното училиште „Рајко Жинзифов“

Енергетска фасада и термичка изолација на покривот на подрачното училиште „Рајко Жинзифов“

4

Подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ ќе добие нова енергетска фасада и термичка изолација на покривот. Воедно, проектот предвидува и поставување нов топловоден, целосно автоматски котел на пелети, како и замена на старите светлосни арматури со ново ЛЕД-осветлување. Дополнително, училиштето добива сопствен фотонапонски систем, со што директно ќе се задоволуваат потребите за електрична енергија од обновливи извори.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, изврши увид во градежните активности, а на увидот присуствуваа и директорката на проектната единица, Нада Брајковска, и други претставници од Министерството за финансии, преку кое се реализира ова финансиско партнерство со Светската банка.

– Оваа инвестиција е директен влог во стандардот на образованието и долгорочно решение за енергетската независност на објектот. Со целосната реконструкција, обезбедуваме современ простор за настава и истовремено, драстично ги намалуваме тековните трошоци за енергија – истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ