Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“ вечер (10 јули) во 21 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје ја отвора големата изложба на фотографии од меѓународниот отворен повик. На настанот кој е во рамки на „Скопско лето“ посетителите ќе имаат можност да видат дела од 20 избрани автори кои нудат експериментални визуелни форми, документарни серии и критички поглед кон општеството.

Овогодинешното издание прикажува селекција направена од стручна комисија во состав Ева Шлегл и Флоријан Копр од Виена, Драго Вејновиќ од Бања Лука, Ане-Мете С. Сомер-Келтер од Копенхаген, Жозеп Домингез Кастелс (Пеп Мингез) од Барселона, Ивана Брезовац од Белград, Наташа Такач од Осијек и Сашо Алушевски од Скопје. Тие избраа дваесет автори, а преку нивните дела се гради директен дијалог меѓу петнаесет различни земји.

Поставените фотографии обединуваат документарни, интимни и хибридни визуелни форми.

Селектираните проекти разработуваат теми кои ретко добиваат простор во официјалниот институционален контекст. Преку внимателно одбраните дела, изложбата отвора прашања за меморијата, пејзажот, телото, заедницата, екологијата и секојдневниот живот. Изложбата ја нагласува фотографијата како средство за лична архива и критичко размислување.

ИЗДВОЕНИ