понеделник, август 24, 2026
Дома СКОПСКА Се подобруваат условите за учење во „Димитар Миладинов“

Се подобруваат условите за учење во „Димитар Миладинов“

28

Во основното училиште „Димитар Миладинов“ се спроведуваат инфраструктурни зафати за да се подобрат условите за учење, работа и спортување.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека во првата фаза се изведува нова фекална мрежа, одвоена од атмосферската, со што се решава долгогодишниот проблем со затнување и прелевање на шахтите. Воедно, се реконструира санитарниот јазол до фискултурната сала, каде што се заменуваат старите водоводни и одводни цевки и се поставуваат нови санитарии.
Се реновираат машката и женската соблекувална, со поставување нова подна подлога и плочки, а просторот дополнително се освежува со молерисување и уредување.

– Во летниот период, локалната самоуправа планира санација во повеќе училишта на своја територија, а во овој објект веќе се реализираат неопходните инфраструктурни зафати. Санацијата на канализациската мрежа во овој објект беше неопходна за да се реши долгогодишниот проблем – нагласи Герасимовски.

Покрај тековните активности, во план е и реконструкција на покривот, како и санација на училниците на третиот кат и на просторијата за наставниците, каде што има прокапување.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ