Голем број бизнис и технолошки лидери патуваат со американскиот претседател Доналд Трамп во Кина оваа недела, вклучувајќи ги Тим Кук од „Епл“ и Елон Маск од „Тесла“ и „Спејс Екс“, објави Би-Би-Си.
Меѓу оние што му се придружуваат на Трамп во Пекинг се Лари Финк од „БлекРок“, како и раководители од „Мета“, „Виза“, „Џеј-Пи-Еј Морган“, „Боинг“, „Каргил“…
Вкупно 17 американски раководители ќе му се придружат на Трамп на патувањето, изјави за Би-Би-Си функционер од Белата куќа запознаен со плановите.
Патувањето се смета за важно за САД, бидејќи Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џинпинг во време на растечко економско и технолошко непријателство меѓу двете земји.
„Ер Форс Уан“ на Трамп е на пат кон Кина, полн со милијардери и шефови на технолошки гиганти/ФОТО












