недела, јуни 28, 2026
Дома СВЕТ Нема враќање на маските или ограничувања за патување поради хантавирусот, Французите можат...

Нема враќање на маските или ограничувања за патување поради хантавирусот, Французите можат да патуваат каде сакаат

54

Францускиот министер за транспорт Филип Табаро денес изјави дека Французите можат слободно да патуваат и покрај можната епидемија на хантавирус во Аргентина.

Тој потврди дека пациент хоспитализиран во Париз се заразил со хантавирус, нагласи дека во моментов е исклучен секаков ризик од ширење на инфекцијата и додаде дека и покрај стравувањата од ширење на хантавирус, воведувањето на какви било ограничувања е исклучено, објави BFM TV.

„Нема враќање на маските или ограничувања за патување. Французите можат да патуваат како што сакаат. Јас не сум експерт, но внимателно ги слушам експертите. Значи, нема ограничувања“, рече Табаро.

ИЗДВОЕНИ