петок, октомври 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Еколошки се поврзуваат четири национални парка: Маврово, Галичица, Пелистер и Шебеник во...

Еколошки се поврзуваат четири национални парка: Маврово, Галичица, Пелистер и Шебеник во Албанија

18

Шумите не се важни само во границите на заштитените подрачја. Од нивната состојба и од поврзаноста со поширокиот предел директно зависат движењето и опстанокот на дивите видови, како што се рисот, кафеавата мечка и дивокозата, сметаат од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Оттаму информираат дека, преку проектот „ПОНТ Конект“, работат на подобрување на еколошката поврзаност на два значајни коридори: Илинска – Плакенска – Бигла и Стогово –Караорман – Јабланица. Овие коридори поврзуваат четири национални парка: Маврово, Галичица и Пелистер кај нас и Шебеник во Албанија.

– Во изминатиот период ги анализиравме постојните податоци, ги идентификувавме празнините во знаењето и во тесна соработка со ЈП „Национални шуми“ и со седумте подрачни шумски стопанства, детално ги разгледавме плановите за стопанисување со шумите и предвидените мерки за нивно управување, заштита и користење – соопштија од МЕД.

Она што ќе следува, според МЕД, е заедно со шумарскиот сектор да се утврдат приоритетните локации и најсоодветните мерки за спроведување на терен, како што се пошумувањето и конверзијата на нискостеблените во високостеблени шуми.

Проектот е финансиран од PONT, со финансиска поддршка од Францускиот фонд за глобална животна средина (FFEM).

 

ИЗДВОЕНИ