петок, октомври 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нов случај на врсничко насилство: 14-годишно дете тешко повредено во напад од...

Нов случај на врсничко насилство: 14-годишно дете тешко повредено во напад од соученик

21

Четиринаесетгодишно дете од тетовското село Милетино се здобило со тешки телесни повреди откако било физички нападнато од свој врсник во училишниот двор, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен вчера, 29 октомври, околу 12:30 часот во СВР Тетово од Ургентниот центар во Тетово, каде што било донесено повреденото дете.

Според првичните информации, нападот се случил во кругот на училиштето, а повредите биле констатирани при лекарскиот преглед.

Од СВР Тетово информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случил нападот.

ИЗДВОЕНИ