петок, септември 18, 2026
Дома СКОПСКА Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања во Драчево

Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања во Драчево

1

Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „Хема-Онко“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.

Од Општината Кисела Вода информираат дека настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи утре, со почеток во 13:00 часот во „Паркот на бранители“ во населбата Драчево.

Присутните ќе имаат можност да слушнат корисни совети и лични искуства преку излагањата на Наташа Бабулова, членка на „Хема-Онко“ која ќе ја сподели својата борба како лице со рак на дојка, како и низ обраќањата на стручните лица: специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски, на медицинската сестра Јасмина Јовческа од Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“.

Локалните власти ги повикуваате сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и заеднички да дадат поддршка, бидејќи, како што велат, превенцијата и навремената дијагностика се најважни во битката за животот.

Со овој настан се означува почетокот на кампањата „Розов Октомври“ која стартува од општина Кисела Вода, а ќе заврши со голем Розов пикник на Школката во Градскиот парк.

Активностите посветени на оваа важна тема ќе продолжат. По трибината во Драчево, ќе се одржи уште една, на 26 септември, 20 26 година, во околината на бараките на Општина Кисела Вода.

ИЗДВОЕНИ