Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски, од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој се обврза на договор до јуни 2028 година со шампионот на Македонија.
Дваесет и едногодишното десно крило е родено во Прилеп, но целосно се изгради како ракометар во Битола, ги прескокна сите скалила и дојде пред вратите на сениорскиот тим, веруваме во иднина и во националната репрезентација.
Официјалното претставување на Белистојаноски како член на Еурофарм Пелистер е предвидено на почетокот од подготовките за следната сезона.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








