вторник, јуни 9, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Државата сама ќе го реализира проектот „Чебрен и Галиште“?!

Државата сама ќе го реализира проектот „Чебрен и Галиште“?!

8

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект „Чебрен и Галиште“, за кој инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите.

– Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ, рече премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со медиуми.

Пресметките, појасни тој, покажуваат дека внатрешната стапка на поврат на инвестицијата е над 10 проценти, што го прави проектот значаен од економски аспект.

– Но, не е само од економски аспект, цениме дека имајќи го предвид глобалното затоплување, во регионот ќе недостасуваат два резервоари за пивка вода што можат да се направат. Исклучително стратешки важно ни е Тиквешко Поле да се наводнува од овој проект. Тоа се приближно 60-ина илјади хектари земја – посочи Мицкоски.

Овој предел, дополни, може да послужи и за развој на дата-центри.

– Многу сме блиску до носење на одлуката сами да го развиваме како држава, а тоа значи изработка на физибилити студија која ја имаме и по принципот на Јелоу фидик да избереме фирма која ќе го гради, информира премиерот Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ