Општините лани потрошиле за јавни набавки колку претходните две години заедно, покажало истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Според истражувањето, осумдесет општини и Градот Скопје во 2025 година склучиле вкупно 4.300 договори за јавни набавки во вредност од рекордни 21,9 милијарди денари. Најголема вредност на јавните набавки за 2025 година има Општина Тетово – дури 22,5 милиони евра. Најмали јавни набавки од нецел половина милион евра има Старо Нагоричане. Град Скопје веќе втора година по ред не е на првата позиција. Лани падна на шестото место, а годинава е на 14., со вредност на тендерите од само 8,5 милиони евра

 

Рекордни 356 милиони евра потрошиле општините лани за јавни набавки, колку претходните две години заедно. Ова го покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации.

Инаку, според истражувањето, осумдесет општини и Градот Скопје во 2025 година склучиле вкупно 4.300 договори за јавни набавки во вредност од рекордни 21,9 милијарди денари. Најголема вредност на јавните набавки за 2025 година има Општина Тетово – дури 22,5 милиони евра. Најмали јавни набавки од нецел половина милион евра има Старо Нагоричане.

Тетово има и најголем годишен скок на вредноста на тендерите од дури 20 милиони евра, а најголем пад од 6 милиони евра има Струмица. Град Скопје веќе втора година по ред не е на првата позиција. Лани падна на шестото место, а годинава е на 14., со вредност на тендерите од само 8,5 милиони евра.

Најголема вредност на јавните набавки по жител има Чаир, по 2.381 евро, наспроти Центар Жупа, која има само по 12 евра на жител.

Според истражувањето, општините лани склучиле договори за јавни набавки со 1.185 фирми, но повеќе од една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.

На врвот според вкупната вредност на склучените договори е „Жикол“ од Струмица, со вредност на договорите од милијарда денари, односно околу 16 милиони евра.

ИЗДВОЕНИ