Неочекуван инцидент го обележа тренингот на Јужна Кореја за клучниот натпревар против Мексико на Светското првенство, откако бил забележан нерегистриран дрон на тренингот на азиската селекција зад затворени врати.

Според мексиканските безбедносни служби, леталото било пресретнато над тренинг-центарот како дел од засилените мерки за безбедност што се спроведуваат во текот на Мундијалот.

Селекторот на Јужна Кореја, Мјунг Бо Хонг, призна дека не била пријатна ситуацијата, особено бидејќи се случила во важен момент од подготовките, но нагласи дека тимот не претрпел поголема штета.

  • Не влијаеше значително врз нас, но во тој момент се подготвувавме за натпреварот и тоа беше најважниот дел од тренингот. Затоа она што се случи беше несреќно – изјави Хонг.

Безбедносните мерки во Мексико се на највисоко ниво во текот на Светското првенство, а дополнително се засилени и поради долгогодишните безбедносни предизвици во државата Халиско, каде што делуваат криминални групи поврзани со организираниот криминал и со трговијата со дрога.

По победата над Чешка, Јужна Кореја ќе го одигра и вториот натпревар на ова СП, дуелот против Мексико, кој е на програмата ноќеска во 3 часот.

ИЗДВОЕНИ