Грчки Арис стигна до втората победа во Еврокупот откако славеше на домашен терен, против Бургос. Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ беше лидер на својот тим и со 21 поен беше најдобар стрелец, но и најдобар играч на натпреварот. По мечот, тој изрази задоволство од триумфот, но порача дека Арис има уште простор за напредок.
- Ја искористивме енергијата на нашите навивачи и беше важно да почнеме на позитивен начин, на домашен терен – изјави тој.
Македонецот призна дека тимот имал одредени слабости во играта, но смета дека тоа е очекувано бидејќи има голем број нови играчи.
- Се движиме во правилната насока и ќе се обидеме да напредуваме дополнително – порача Димитријевиќ.











