Јутјуберот што стана професионален боксер, Џејк Пол, го најави своето враќање во рингот и го именуваше Франсис Нгану за свој следен противник, објавија британските медиуми. Тој го привлече вниманието на јавноста уште кон крајот на минатата година, кога се бореше со поранешниот светски шампион, Британецот Етони Џошуа, против кого издржа до шестата рунда, иако на крајот претрпи пораз со нокаут.
Нгану, поранешен шампион во тешка категорија во УФЦ, веќе има искуство во боксот, му даде силен отпор на Тајсон Фјури во текот на борбата од 10 рунди, но потоа беше поразен со нокаут директно од Џошуа.
– Нема долг список на противници. Франсис Нгану многу зборува во последно време, за мене, тоа е лесна борба. Мислам дека е лош боксер – рече Пол, тврдејќи дека би го нокаутирал како што направи Џошуа.
Пол сè уште заздравува од скршената вилица, повреда со која се здоби на последниот меч, но инсистира дека ќе ја продолжи кариерата.
– Ќе видиме како ќе заздравува вилицата, но дефинитивно ќе продолжам да се борам – рече тој.
Сепак, верува дека Нгану би можел да го избегне мечот.
– Можеби, нема да ја прифати борбата затоа што длабоко во себе не сака да се засрами – заклучи Пол.












