четврток, јуни 4, 2026
Дома КУЛТУРА Дигитализацијата, креативноста и туризмот во фокусот на средбата на Љутков и Ерсој...

Дигитализацијата, креативноста и туризмот во фокусот на средбата на Љутков и Ерсој во Анкара

24

Дигитализацијата на културното наследство, развојот на креативните индустрии, копродукциите, како и унапредувањето на културниот туризам беа во фокусот на разговорите меѓу министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и неговиот турски колега, Мехмет Нури Ерсој, на билатерална средба што се одржа во Анкара.

На средбата, на која присуствуваа и националниот координатор за туризам, Акан Махмут, и амбасадорот Јован Манасиевски, двајцата министри ги потврдија традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и заедничките заложби за нивно понатамошно унапредување, особено во насока на стабилен и просперитетен регион.

Љутков и Ерсој ја нагласија подготвеноста за продлабочување на соработката во областа на културата и туризмот преку реализација на заеднички проекти.

Притоа министрите разговараа за конкретни чекори за зголемување на бројот на турски туристи во Македонија, како и за можностите за привлекување инвеститори од Турција за развој на туристичката инфраструктура.

Соговорниците се договорија во периодот што следува да работат на конкретни заеднички проекти, со цел дополнително зацврстување на пријателството и партнерството меѓу двете земји.

Средбата се одржа во рамките на дводневната работна посета на Република Турција.

ИЗДВОЕНИ