Портпаролот на Врховната воена команда на Иран денес изјави дека вооружените сили на Исламската Република ќе ја продолжат борбата „до целосна победа“, објави иранската државна телевизија.
Портпаролот на Централната команда на Хатам ал-Анбија, генерал Али Абдолахи Алиабади, изјави дека иранските вооружени сили се „силни, горди и непоколебливи во одбраната на територијалниот интегритет на земјата“.
„Моќните вооружени сили на Иран се горди, победнички и непоколебливи во одбраната на интегритетот на Иран и овој пат ќе продолжат до целосна победа“, рече Алиабади. Генералот не прецизираше што значи „целосна победа“, но Ал Џезира објави дека тоа било предупредување во контекст на можни преговори со САД и порака против какви било отстапки.
САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, во она што наводно беа „превентивни напади“ што следеа по неуспехот на повеќе рунди разговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ целиот Блиски Исток.












