Холандија ја „прегази“ Шведска со 5:1 на Светското првенство, но и покрај убедливиот триумф, холандскиот репрезентативец Френки де Јонг не го криеше незадоволството од критиките упатени на негова сметка.

Играчот за врска на Барселона жестоко им одговори на оние што тврдат дека премногу често игра наназад и дека избегнува ризични додавања.

  • Многу луѓе едноставно не разбираат ништо за фудбалот. Велат дека никогаш не додавам напред, но тоа е целосна лага – порача Де Јонг.

Холанѓанецот откри дека настапил и покрај болките во долниот дел од стомакот, но не очекува да го спречи тоа во продолжението на турнирот.

Со четири освоени бода по две кола, Холандија е во одлична позиција пред последниот натпревар против Тунис, кој сè уште е без бодови на шампионатот.

ИЗДВОЕНИ