Црна Гора го забрзува усогласувањето на својата визна политика со Европската Унија, па од 1 ноември 2026 година, на граѓаните на Русија и Белорусија ќе им бидат потребни визи за влез во земјата. Дотогаш, продолжениот безвизен режим, кој важи и за граѓаните на Кина, Турција и Саудиска Арабија, останува на сила.
На граѓаните на Русија и Белорусија ќе им бидат потребни визи за престој во Црна Гора од 1 ноември оваа година. Владата го продолжи безвизниот режим за Русите и Белорусите до 31 октомври, како и за граѓаните на Кина, Турција и Саудиска Арабија, пишува Дојче Веле.
Оваа промена е дел од обврските што Подгорица мора да ги исполни во рамките на преговорите за членство во ЕУ, имено последните одредници од Поглавје 24, кое се однесува на правдата, слободата и безбедноста.
Според сегашната регулатива, граѓаните на горенаведените земји можат да влезат во Црна Гора до крајот на октомври како дел од туристички групи за период до 30 дена или со службен пасош и гарантирано враќање.
Според Агендата за реформи, Црна Гора треба целосно да ја усогласи својата визна политика со Европската Унија до крајот на 2027 година, додека за некои земји првиот рок е веќе крајот на третиот квартал од оваа година.












