четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН „Црно злато“ извира во нива кај Тузла: Босанец открил два извори на...

„Црно злато“ извира во нива кај Тузла: Босанец открил два извори на нафта, но таа 30 години истекува во реката

473
screenshot Avaz TV

Кога босанецот Хајрудин Билалиќ се преселил во Тузла во 1996 година и купил имот во населбата Пожарница, при чистење на плацот, покрај реката, пронашол стар бунар од кој извирала црна течност, а по мирисот сфатил дека станува збор за нафта. Првите тестови што ги направил покажале дека станува збор за нафта и гас.

Тој пронашол уште еден бунар на околу стотина метри оддалеченост, веднаш до првиот. Оттогаш веќе 30 години нафта истекува во реката.

– Ова е тажно… Бог ни даде црно злато. Погледнете го тоа. Ова може да биде среќа за нас Босанците. Никој да не нè угнетува, никој да не нè уценува. Можеме да уценуваме само ако знаеме како – вели Билалиќ за Аваз.

Природата си ја завршила работата, додава тој.

– Но, немаме добри водачи. Тие не се заинтересирани за сиромашните. Да им помогнат на луѓето. Нашите деца одат во странство, а ние тука го имаме нашето богатство. И го имаме златото што ни го дава природата и водата го носи – вели Хајрудин Билалиќ додека покажува кон првиот нафтен бунар.

Тој мисли дека ако ова е во Германија, нема така да отиде ниту една капка.

– Дојдов тука во 1996 година, имаше депонија за ѓубре и додека ја чистевме, ми се покажа една масна дамка. Тоа место само се ширеше. И оттогаш, до денес, никогаш не престана да блика – сведочи Хајрудин Билалиќ.

Тој објаснува што гледа секој ден.

– Истекува во близина на оваа цевка. Блика постојано. Дојдоа некои екипи и снимаа. Како што ги разбрав некои геолози од Македонија дека треба да се дупчи голем бунар, до 3.000 метри. Не знам колку барели рече дека има – вели овој скромен човек.

Покажа и друг бунар. Во грмушките на истото поле. Зеде малку нафта од него и ги намачка рацете.

– Црно злато – вели тој низ смеа. Кога е лето, го мачкам по кожата. Цел ден сум на сонце, нема изгореници, ништо. Кожата не ме боли. Тоа е вистина, бидејќи јас лично го користев на грбот – вели на крајот Хајрудин Билалиќ.

ИЗДВОЕНИ