четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

82

Поради протест, утре во Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму соопштија дека протестот е во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија и ќе започне во 12.05 часот пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“.

-Според најавената траса, учесниците ќе се движат лево по улицата „Филип Втори Македонски“, потоа десно по „11-ти Октомври“, право по „Димитрие Чуповски“, десно по „Васил Главинов“, продолжувајќи право по булеварот „ВМРО“, а потоа лево по булеварот „Илинден“, сè до Владата на Република Македонија – наведоа од МВР.

При тоа, нагласуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воведување посебен режим на сообраќај на наведените сообраќајници во градот.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници на улиците каде што ќе се движат учесниците во протестот.

 

ИЗДВОЕНИ