Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во периодот од 26.10 до 01.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранило 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.












