петок, септември 18, 2026
Дома СКОПСКА Целосно се санира коловозот на улицата „Фредерик Шопен“

Целосно се санира коловозот на улицата „Фредерик Шопен“

8

Во населбата Бирарија  почнаа активностите за обновување на улицата „Фредерик Шопен“.

Од Општината Кисела Вода информираат дека станува збор за значаен инфраструктурен проект кој решава долгогодишен проблем на локалното население и значително ќе ја унапреди безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината.

При тоа, велат дека проектот опфаќа целосна обнова на коловозот во должина од околу 350 метри. Се реализира во директна соработка со Министерството за транспорт, а се финансира со средства за капитални проекти од Владата на Република Македонија, обезбедени преку унгарскиот кредит.

– Почетокот на градежните работи на улицата „Фредерик Шопен“ е уште еден цврст доказ за нашиот континуитет во градењето на модерна, безбедна и функционална општина. Ова претставува решавање на уште еден реален проблем на нашите сограѓани и вистински пример за тоа колку е важна синергијата меѓу локалната и централната власт. Заедничките капитални проекти се клучот за развојот на нашата општина и патот кон создавање квалитетни услови за живот за секој наш жител – истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ