среда, јуни 10, 2026
Дома СКОПСКА Бутелчани ќе добијат нов мегапарк

Бутелчани ќе добијат нов мегапарк

13

Некогашната депонија и запуштен простор во Бутел се трансформираат мегапарк долж булеварот „Христијан Тодоровски -Карпош“.

Новиот парк ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри и ќе содржи богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и други содржини за рекреација и одмор.

Увид во активностите на новиот мега парк денеска направија скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

При тоа, беше истакнато дека парковите претставуваат значајна инвестиција во подобрување на квалитетот на животот, почистата животна средина и создавањето на нови јавни простори за дружење и рекреација на граѓаните.

Проектот е дел од програмата за изградба на четири мега паркови на територијата на градот Скопје.

-Паралелно со овие проекти, предвидена е и реализација на околу 50 помали паркови во сите скопски општини, од кои дел веќе се во фаза на изградба – соопштија од Град Скопје.

Градоначалниците Ѓорѓиевски и Костовски нагласија дека развојот на зелената инфраструктура останува еден од приоритетите во нивното работење, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот за сите граѓани.

-Со реализацијата на овој проект, Општина Бутел добива нова зелена оаза, а Скопје уште еден модерен јавен простор кој ќе придонесе за поздрава и поквалитетна урбана средина – нагласија градските власти.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ