Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сега мора „да ја заврши работата“ во однос на Иран, заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – било преку постигнување договор или на некој друг начин – додека траат преговорите меѓу САД и Техеран, објави денеска израелскиот „Канал 12“.
Телевизискиот канал пренесе дека, според Трамп, Нетанјаху не му должи ништо за возврат за дадената поддршка – поддршка која, наводно, придонела за подобар изборен резултат на израелскиот лидер.
Сепак, советниците на Трамп сугерираат дека тој би можел, во некоја подоцнежна фаза, да се повика на оваа поддршка, доколку некогаш му затреба нешто од Нетанјаху, пренесе „Танјуг“.












