
Се погласни и погласни се шпекулациите дека францускиот интернационалец од редовите на богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, Тео Хернандез, планира да се врати во Европа за време на летниот преоден рок. Неофицијално, офанзивниот бек сака да се врати во својата татковина каде во минатото го носеше дресот на Реал (М) и на Атлетико (М).











