четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Брутална закана од Иран до Трамп: „Чувајте се, да не бидете елиминирани“

Брутална закана од Иран до Трамп: „Чувајте се, да не бидете елиминирани“

92
EPA/WAEL HAMZEH

Шефот на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Лариџани, денеска му се закани со елиминација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Заканата од советникот на убиениот ајатолах уследи откако Трамп вчера го критикуваше Техеран поради блокадата на Ормутскиот Теснец.

Трамп вчера изјави дека 20 пати посилно ќе го нападне Иран доколку Техеран ја запре трговијата преку клучниот поморски премин во Персискиот Залив.

„Иранскиот народ е подготвен на жртва и не се плаши од вашите празни закани. Дури ниту оние помоќните од вас не можеа да го елиминираат Иран. Внимавајте вие да не бидете елиминирани“, наведе Лариџани на платформата Икс.

ИЗДВОЕНИ