вторник, јуни 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Болнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Болнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.С. (40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот на 13 октомври 2025 година, додека работел како административен службеник на шалтер за наплата во ЈЗУ Општа болница Прилеп, фотографирал дебитна платежна картичка на лице од Прилеп.

Полицијата сомничи дека подоцна ги искористил податоците од картичката за неовластени интернет-трансакции. Во периодот од 26 октомври 2025 до 19 февруари 2026 година, тој наводно извршил вкупно 71 онлајн трансакција, при што од сметката на оштетеното лице биле повлечени 90.174 денари.

По преземените мерки и активности, СВР Битола поднесе кривична пријава против осомничениот, а за случајот ќе одлучуваат надлежните правосудни органи.

ИЗДВОЕНИ