четврток, септември 10, 2026
Дома СВЕТ „Блумберг“: Берлин сака да заштити таен воен план во случај „Алтернатива за...

„Блумберг“: Берлин сака да заштити таен воен план во случај „Алтернатива за Германија“ да дојде на власт

24

Германското Министерство за одбрана разгледува начини како да ја спречи идната влада на Саксонија-Анхалт да добие пристап до чувствителен воен план, доколку екстремно десничарската партија „АфД“ (Алтернатива за Германија) дојде на власт во таа источногерманска покраина.

Документот, кој содржи околу 1.000 страници и е познат како OPLAN, го опишува одговорот на германските власти и НАТО во случај на војна или криза, вклучително и распоредувањето на сојузничките сили во Источна Европа.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус сака да се осигура дека потенцијалната регионална влада предводена од „АфД“ нема да може да го пренесе документот на Русија, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на извори блиски до властите.

„АфД“ победи на регионалните избори во неделата со околу 44 отсто од гласовите и 39 од вкупно 83 пратенички места, но не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство, па затоа сè уште не управува со регионот. Формирањето на следната влада останува неизвесно.

Од 2023 година, огранокот на „АфД“ во Саксонија-Анхалт е класифициран од регионалните служби за внатрешно разузнавање како организација со „докажан десничарски екстремизам“ – ознака што партијата ја оспорува на суд. „АфД“ исто така се залага за обновување на економските врски со Москва и се противи на воената помош за Украина.

Целосната верзија на OPLAN моментално е достапна за лидерите на 16-те сојузни покраини.

Германските власти со месеци разгледуваат начини за заштита на чувствителните информации во случај AfD да дојде на власт во која било од покраините, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ