четврток, септември 10, 2026
Дома СВЕТ Апокалиптични сцени од Италија: Поплави и одрони блокираа делови од земјата –...

Апокалиптични сцени од Италија: Поплави и одрони блокираа делови од земјата – едно лице загина, 45 евакуирани/видео

46
Фото:принтскрин, социјални мрежи, Вигили дел фуоцо, „Икс“

Лошото време што ја погодува Италија од вчера продолжува да предизвикува големи проблеми низ целата земја. Една жена загина, а десетици луѓе се евакуирани; во текот на денот беа пријавени поплави, лизгање на земјиштето и паднати дрвја во Рим, Тоскана, Лигурија и други делови од земјата, објави агенцијата ANSA, пренесува хрватски „Индекс“.

Во Латисана, град во североисточна Италија сместен меѓу Венеција и Трст, една жена загина откако со автомобилот влезе во поплавен подвозник. Возилото целосно потонало под вода.

Силни поплави го погодија целиот регион меѓу Латисана и крајбрежниот град Лињано Сабијадоро, кој се наоѓа во североисточна Италија долж јадранскиот брег, западно од Трст. Лињано Сабијадоро е делумно поплавен, а пожарникарите со часови интервенираат на бројни локации. Поплавени се подруми, гаражи, домови и патишта.

Во источниот дел на регионот Венето – поточно во пошироката област на Венеција – пожарникарите до средината на претпладнето примиле 130 повици за помош. Биле извршени околу четириесет интервенции, додека околу 90 сè уште чекале на реализација. Областите Сан Дона ди Пјаве, Ераклеа, Каорле и Сан Микеле ал Талјаменто претрпеле најголеми штети.

Во текот на ноќта, во Валтелина (Ломбардија), над населбата Катаеџо се случило големо свлечиште. Евакуирани се четириесет и пет лица кои биле сместени во три хотели, а училиштата биле затворени. Во тек е проценка за да се утврди дали постои ризик од понатамошни свлечишта.

Невремето го попречило и железничкиот сообраќај. Железничкиот сообраќај меѓу Портогруаро и Трст бил прекинат поради временските услови, а некои возови доцнеле повеќе од еден час; биле обезбедени заменски автобуси.

Во Тоскана, во период од 12 часа, биле регистрирани над 63.000 удари од гром.

Во Чечина, за помалку од два часа наврнале повеќе од 80 милиметри дожд, што предизвикало поплавување на подруми и подземни гаражи. Во Трст биле поплавени бројни улици, при што нивото на водата на одредени места достигнало 15 сантиметри. Дошло до поместување на капаците од шахтите, како и до прекини во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија.

ИЗДВОЕНИ