четврток, јуни 11, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатен спортско-едукативен камп за талентирани спортисти и за ученици од социјално ранливи...

Бесплатен спортско-едукативен камп за талентирани спортисти и за ученици од социјално ранливи семејства

9

Општина Кисела Вода објави јавен оглас за избор на ученици кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско-едукативен камп.

Право на учество имаат сите редовни ученици од општинските основни училишта на оваа територија, а огласот е наменет за талентирани спортисти, како и за ученици од социјално ранливи семејства.

– Што се однесува до спортските таленти, право да аплицираат имаат учениците кои освоиле награди во олимписки или неолимписки спортови на општински, државни, регионални и меѓународни натпреварувања, во поединечна или екипна конкуренција. Истовремено, огласот ги опфаќа и учениците од семејства во социјален ризик, примателите на социјална помош, децата на самохрани родители, децата од најмалку четиричлено семејство со само еден вработен на минимална плата, како и учениците од семејства чиј вкупен месечен приход не надминува 35.000 денари – соопштија од Општина Кисела Вода.

Оттаму додаваат дека паралелно со ова, во тек се и огласите за доделување на награди од страна на Општина Кисела Вода за талентирани основци кои постигнале врвни резултати во областа на науката и спортот.

 

ИЗДВОЕНИ