Општина Карпош ќе им додели еднократна парична помош на четири семејства, чии најблиски членови загинаа во сообраќајната несреќа на скопската обиколница, која се случи кон крајот на минатиот месец.
Како израз на солидарност кон семејствата, ќе биде издвоен износ од 100.000 денари за секое починато лице.
Оваа одлука беше донесена на вчерашната седница на Советот на Општина Карпош.












