Европските берзански индекси денес се претежно во минус, а цената на нафтата од типот „Брент“ се искачи на повеќе од 110 долари за барел, што е раст од 1,90 проценти.
Според податоците на берзата во 9 часот наутро, цената на суровата нафта се зголеми за 2,32 проценти на повеќе од 107 долари.
Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени на отворањето на берзата „Амстердам TTF“ денес по цена од 47,695 евра за мегават-час.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата „Форекс“ денес е 1,16445 долари.
Цената на златото падна на 4.545,3 долари за унца, а цената на пченицата на 6,5450 долари за бушел.












