Општина Карпош по барање на граѓаните ја започна втората пролетна (интервентна) дератизација на своја територија.
Од Општината информираат дека со оваа акција ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти, а низ процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација ќе поминат сите основни училишта и детски градинки на подрачјето на локалната самоуправа.
Инаку, Општина Карпош ја превзема оваа иницијатива секоја година на пролет и на есен, како превенција од штетните глодари и инсекти, во насока на одржување на здравата животна средина.












