Се случи прилично бизарен проблем во Соединетите Американски Држави, во текот на Светското првенство. Поради препознатливото расположение на фудбалските навивачи од Шкотска, кои дојдоа во голем број да ја поддржат својата репрезентација на Светското првенство, пабовите во Бостон останаа без пиво.
Според извештаите, има недостиг во целиот град, иако кафулињата и пабовите се подготвија за доаѓањето на навивачите и однапред нарачаа поголеми количини пиво. Сопствениците на угостителските објекти открија за Ен-би-си дека морале да направат итни и непланирани набавки, но тоа довело до нов проблем.
Имено, дури ни набавувачите не биле подготвени за толку голема потрошувачка на пиво, па не можеле да одговорат на огромната побарувачка.
Се очекува да има испорака во наредните денови, при што поголемиот дел од навивачите на Шкотска потоа ќе се упатат кон Мајами за да го гледаат последниот натпревар на својата репрезентација во групната фаза.
Шкотска го победи Хаити во првото коло, во Фоксборо, град во близина на Бостон, во државата Масачусетс. На тоа место ќе играат против Мароко, а потоа, во третото коло, во Мајами, ќе играат против Бразил.











