четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ По реакцијата за потпишувањето на меморандум меѓу Иран и САД: Венс ги...

По реакцијата за потпишувањето на меморандум меѓу Иран и САД: Венс ги повика израелските функционери да се „разбудат и да се соочат со реалноста“

285
Фото:EPA/JIM LO SCALZO

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, во четвртокот започна остар напад врз израелските функционери во владата на Бенјамин Нетанјаху, предупредувајќи ги да се „разбудат и да се соочат со реалноста“.

Во разговор со новинарите во Белата куќа, Венс го бранеше меморандумот за разбирање што САД и Иран го потпишаа во среда.

Спогодбата иницира 60-дневен прекин на огнот и ја укинува американската блокада на Иран, дозволувајќи му на Техеран повторно да се приклучи на глобалната економија ако ги исполни своите обврски според меморандумот за разбирање.

Израелците, републиканските пратеници и конзервативците во Вашингтон остро го критикуваа договорот и јавно го критикуваа претседателот Доналд Трамп за она што го сметаат за грешка во потпишувањето на договорот.

Запрашан за критиките, Венс ги издвои членовите на кабинетот на Нетанјаху, без да ги именува, за напаѓање на договорот и лично напаѓање на Трамп.

– Доналд Џ. Трамп е единствениот шеф на држава во целиот свет кој во овој момент сочувствува со израелскиот народ, а тој е и шеф на држава на светска суперсила – рече Ванс, видливо лут.

– Да бев во кабинетот на израелската влада, можеби немаше да го напаѓам единствениот моќен сојузник што ми остана во целиот свет – рече тој.

Ванс рече дека две третини од одбранбеното оружје што ја штити „вашата татковина е изградено од американски раце и платено со пари на американските даночни обврзници“.

– Проблемот за Израел не е Доналд Џ. Трамп, и секој во Израел кој мисли дека нивниот најголем проблем е претседателот на Соединетите Американски Држави треба да се разбуди и да ја почувствува реалноста на ситуацијата во која се наоѓа земјата – продолжи Ванс, објави телевизиската мрежа „Ал-Арабија“, пренесе „Вјести.ба“.

 

ИЗДВОЕНИ