среда, ноември 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Гренланд е најголемиот подарок што САД некогаш го добиле

Трамп: Гренланд е најголемиот подарок што САД некогаш го добиле

65
EPA/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Гренланд е „најголемиот подарок што Соединетите Држави некогаш го добиле“.

„Европа штотуку им го даде на Соединетите Држави најголемиот подарок што некогаш сме го добиле. Тукушто го добивме Гренланд – знаете за тоа, нели?“ – рече Трамп за време на гостувањето во емисија на „Фокс њуз“ посветена на изборите.

Во периодот пред септември, Трамп во повеќе наврати изјавуваше дека САД треба да преземат контрола врз Гренланд, самоуправна територија во рамките на Кралството Данска.

Неговата опсесија со оваа идеја – проследена со упорното одбивање да ја исклучи употребата на воена сила за заземање на територијата, како и воведувањето царини за сојузничките земји кои тој ги сметаше за пречки – ја доведе НАТО алијансата до работ на колапс, пренесува „Политико“.

На годишниот самит на НАТО во јули, Трамп изјави дека „Соединетите Држави, а не Данска, треба да имаат контрола“ врз островот. Ова предизвика остри реакции кај европските лидери, кои нагласија дека територијата не е на продажба и дека за нејзината иднина треба да одлучуваат самите жители.

Во септември, Трамп потпиша одбранбен договор со премиерите на Гренланд и Данска, со што спорот беше ставен крај. Договорот го проширува воениот пристап и присуството на САД на Гренланд и, всушност, им доделува на членките на НАТО ексклузивни права за експлоатација на минерални ресурси, притоа признавајќи го суверенитетот на Данска и правото на жителите на Гренланд на самоопределување.

ИЗДВОЕНИ