Водата е секако број еден кога станува збор за хидрирање на телото, нема сомнение за тоа. Но, што друго можете да пиете, особено кога живата во термометарот постојано расте?
Млеко
Можеби не изгледа како очигледен одговор, но млекото со калциум и витамин Д може да го одржи вашето тело ладно дури и во најжешките денови.
Млекото може да направи едно нешто што водата не може – да ви даде енергија, пишува Taste of Home.
Вода со вкус
На некои луѓе им е тешко да пијат само обична вода цел ден. Правењето сопствена ароматизирана вода е одличен начин да ги воодушевите вашите пупки за вкус без додавање дополнителен шеќер.
Овошни сокови
Овошните сокови се околу 85 проценти вода, што ги прави добар избор за хидратација.
А витамините во овошјето се здрави, затоа погрижете се да пиете само 100% овошни сокови.
Бидете внимателни со внесот на шеќер. Ако пиете многу овошни сокови – дополнете ги со вода. Или можете да ги замрзнете и да уживате во вкусен сладолед.
Лубеница
Не се само пијалоците добри за одржување на оптимално ниво на хидратација во телото. Лубеницата е речиси целосно составена од вода и е толку вкусна…
Спортски пијалоци
Електролитите што се наоѓаат во спортските пијалоци можат да бидат многу ефикасни во хидратацијата. Овие пијалоци се вкусни и лесни за пиење, но бидете свесни колку шеќер и јаглехидрати содржат, особено ако не сте љубител на вежбање.
Ако не тренирате за маратон, еден таков пијалак дневно е сосема доволен за вас.
Чај
Чаевите без кофеин се одлични, особено ако сами си правите чај. Не е важно кое растение го користите за да го направите, без разлика дали е ладен или топол – чајот е добар за хидратација.
Полн е со антиоксиданси и умереното консумирање чај ќе ви помогне да останете здрави за време на топло време.
Најлоши избор на пијалаци за есктремно високи температури
Пиво
Секој пијалак што го дехидрира вашето тело не е добар избор.
Колку е поголема содржината на алкохол во пијалокот, толку повеќе ќе бидете дехидрирани откако ќе го испиете.
Ако навистина сакате да пиете пиво, изберете пиво со ниска содржина на алкохол или воопшто не.
Вино и жестоки пијалаци
Алкохолот е дехидратор. Повеќето вина имаат околу 12 проценти алкохол, но тоа е подобро од жестоките пијалаци што содржат до 40 проценти алкохол.
Алкохолните коктели исто така не се добар избор.
Топло какао
Лоши вести. Шолја топло чоколадо или какао содржи повеќе калории и шеќер од лименка сок. Добрата вест? Веројатно нема да одлучите да го пиете ова во жештина.
Кафе
Ако го пиете умерено, кафето не е најлошото нешто што можете да го испиете. Но, ако испиете повеќе од две чаши, вашето тело ќе страда од дехидрација.
Лимонада
Признајте, не го очекувавте ова. Кога станува збор за лимонада, проблемот е шеќерот. Наместо тоа, одлучете се за вода со лимон што сами ќе ја направите.
Енергетски пијалаци
Полни со кофеин, шеќер и други хемикалии, овие пијалоци не се добар избор за хидратација.
Ако сакате да добиете енергија од пијалок, одлучете се за чај.












